fbpx

Заев од Словенија најави нова инвестиција на „Таб Мак“ во износ од 25 милиони евра

-

Во рамки на дводневната официјална посета на Словенија премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев одржаа неколку средби со словенечки компании и оттаму најавија нова инвестиција на компанијата „Таб мак“ во висина од 25 милиони евра која што ќе отвори над 90 нови работни места во Пробиштип и околината.

 Господинот Липновик, директор на компанијата „Таб мак“, ја сподели добрата вест со нас, дека е донесена одлука да направат нова инвестиција за фабриката за акумулатори во Пробиштип во вкупна вредност од 25 милиони евра која што ќе отвори нови од 70 до над 90 работни места“, рече Заев.

Вицепремиерот Анѓушев посочи дека за време на работната посета во Словенија, остварена е работна средба со претставници на 17 словенечки компании кои имаат операции во државата, кои ги презентираа своите идни планови и притоа изразија задоволството од бизнис-климата во нашата земја и актуелната политичка состојба.

Управителот на „Таб Мак“, Игор Липовник истакна дека станува збор за компанија која успешно функционира од 1965 година, а во 2012 ја презема фабриката „Злетово“, која во тој момент имала 168 вработени и вкупно околу пет милиони годишен приход.

„Досега инвестиравме околу 19 милиони евра, а приходот од пет милиони евра се зголеми на 66 милиони евра на годишно ниво. Тоа значи дека производството од 1,2 милиони акумулатори, кои се вградуваат во „волфцваген“, „цитроен“ и „рено“ сега ќе се зголеми на над 3 милиони произведени акумулатори. Воедно очекуваме производството на батерии за  вилушкари, од 350 илјади парчиња, да се зголеми на над еден милион произведени парчиња“, изјави Липовник.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...