Од вчера, во Русија повторно може да се увезуваат различни земјоделски култури од Македонија и Србија, соопшти руското министерство за земјоделство.

Одлуката е донесена откако соодветната агенција извршила посета на земјава и на Србија, по што е е дозволен извоз од овие две земји на култури, јави руската новинска агенција „РИА Новости“.

Во август минатата година беше наметнато привремено ограничување за снабдување на Русија со одредени видови овошје (кајсии, цреши, вишни, праски, нектарини, сливи, боровинки), од Северна Македонија и Србија, поради откриените увезени плодови заразени со монилоза.

Услов за увозот е исполнување на карантинските фитосанитарни услови, а увозот на праски и нектарини се дозволува под гаранциите дадени од македонските тела за заштита на растенијата. Испораката мора да биде од подрачја што не се погодени од монилоза.

Според Федералната царинска служба на Руската Федерација, увозот на свежи кајсии, цреши, праски, нектарини и сливи во Русија изнесувал 449.733 илјади тони. Од тоа на Србија отпаѓаат 32.166 илјади тони, а на Македонија речиси 6.000 илјади тони.