fbpx

Зголемени безбедносните мерки за заштита на лидерот на албанската опозиција

-

Безбедносните мерки за заштита на лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, се зголемени откако се појавија информации дека добил смртни закани, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана.

Заканите по живот следат по последните јавни расправии меѓу власта и опозицијата. Информацијата ја потврди и претседателот на Албанија, Бујар Нишани, кој истакна дека се зголемени безбедносните мерки.

Премиерот Еди Рама вчера соопшти дека заканите доаѓаат надвор од Албанија, дека се регистрирани од разузнавачките служби, но оти сè уште не се потврдени. Тој истакна дека заканите се сметаат за реални и оти превентивно се преземени дополнителни мерки.

Албанската телевизија „Топ чанел“, повикувајќи се на полициски извори, јавува дека заканата не била директно насочена кон лидерот на опозицијата. Според истиот извор, заканата била во форма на декларација, која пред две недели била објавена од таканаречената Албанска паравоена група од Македонија. Во декларацијата, паравоената група им се заканува на сите политичари кои, според нив, ги уништуваат Албанија и Албанците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...