Згаснувањето на Интернет Експлорер проследено со хумор и носталгија

Интернет Експлорер згаснува
По 25 години „Мајкрософт“ го најави згаснувањето на Интернет Експлорер

Од  август наредната година веб-прелистувачот Интернет Експлорер ќе престане да работи на продуктите на „Мајкрософт“ како што се Office 365, Outlook, OneDrive и други.  Како што беше споменато во блогот, тимот на „Мајкрософт“ потврдил дека ќе ги укине поддршката и развојот на Интернет Експлорер, почнувајќи од 30 ноември годинава.

 

Креаторите на забавни содржини на социјалните мрежи најавата за згаснувањето на Интернет Експлорер ја поздравија со хумор на сметка на веб-прелистувачот, затоа што мал број луѓе го користеа за пристап до интернет, поради тоа што бавно ги вчитуваше страниците.

итнернет експлорер
Прелистувачот беше исмеван поради бавното вчитување / фото: социјлни мрежи

Одлуката на Мајкрософт не беше неочекувана, затоа што на пазарот опстојуваат многу подобри веб-прелистувачи, додека Интернет Експлорер не нудеше нешто поинакво или подобро.

Интернет Експлорер
Илустрација: останатите интернет пребарувачи се простуваат од Интернет Експлорер / Извор: социјални мрежи

Дел од корисниците на социјалните мрежи се присетуваа на нивното прво искуство со интернетот токму преку овој веб-прелистувач.

 

Сè уште не е сигурно кога Интернет Експлорер ќе биде повлечен целосно, но компанијата ги охрабрува корисниците да го користат Microsoft Edge прелистувачот, чија нова верзија беше претставена пред извесно време.