fbpx

Земјите од Балтичкиот регион реагираат на рускиот предлог за ревидирање на поморската граница

Во нацрт-предлогот што го објавија некои руски медиуми, руското Министерство за одбрана предлага ажурирање на координатите што се користат за мерење на територијалните води во близина на нејзиниот континентален брег и на неговите острови во Балтичкото Море

-

Лидерите на Балтичкиот регион денеска реагираа на извештаите, дека Русија би можела да ги ревидира границите на нејзините територијални води во регионот, при што министерот за надворешни работи на Литванија тоа го нарече „очигледна ескалација“, на која мора да биде одговорено со „соодветно цврст одговор“ пренесува АП.

Во нацрт-предлогот што го објавија некои руски медиуми, руското Министерство за одбрана предлага ажурирање на координатите што се користат за мерење на територијалните води во близина на нејзиниот континентален брег и на неговите острови во Балтичкото Море. Постојните координати се одобрени во 1985 година, велат од Министерството, и додаваат дека тие се „засновани на мапи за наутичка навигација од мал обем“ и не одговараат на „модерната географска ситуација“.

Од нацртот не е јасно дали предложените промени ќе ја поместат границата или само ќе ја разјаснат.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека Русија потпишала конвенција на Обединетите нации која регулира како да се направат такви промени.

„И ние и Финска претпоставуваме дека Русија, која е потписничка на таа конвенција, ја исполнува таа одговорност“, рече тој.

Според финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен, ако Русите ги оспоруваат границите, тогаш Русија ја прекршува конвенцијата на ОН и во тој случај, „Русија го има целиот свет против неа“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Над 1000 починати аџии поради високите температури во Мека

Повеќе од 1.000 аџии загинале за време на овогодинешниот аџилак во Саудиска Арабија поради екстремно високите температури, пишува Асошиејтед Прес. Најмногу смртни случаи се пријавени од Египет – 658. Индонезија...