fbpx

Видеото од руската фрегата во Куба е снимено пред пет години

Како што пишуваат проверувачите на факти на Дојче Веле, на видеото од објавата што ја рецензираме не се наоѓа неодамнешното пристигнување на фрегатата Адмирал Горшков на Куба. Се работи за старо видео. Спорно е што тоа е објавено два дена пред групата на руската морнарица воопшто да пристигне во Хавана

-

Во деновите пред пристигнувањето на руските воени бродови, на интернет кружеа слики и видеа, кои наводно го покажуваат пристигнувањето на фрегатата „Адмирал Горшков“ во пристаништето во Хавана. Таков е и случајот во објавата што ја рецензираме, но видеото е старо и не е од ова неодамнешно пристигнување, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме интегрално:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и во описот пишува:

Хиперсоничниот носач на ракети Циркон, фрегата Адмирал Горшков, пристигна во близина на брегот на Куба.
Исто така, во пристаништето на главниот град Куба се очекува пристигнување на нуклеарната подморница Казан, носач на крстосувачки и хиперсонични ракети.
Растојанието од Хавана до американскиот брег е 180 км.
Во областа на Куба се очекува да се одржат вежби на руската морнарица.

Објавата е од 10 јуни во 12 часот и 46 минути.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Дојче Веле, на видеото од објавата што ја рецензираме не се наоѓа неодамнешното пристигнување на фрегатата Адмирал Горшков на Куба. Се работи за старо видео. Спорно е што тоа е објавено два дена пред групата на руската морнарица воопшто да пристигне во Хавана.

Четирите руски поморски бродови, вклучително и подморница на нуклеарен погон и фрегата, се закотвија во Куба за да учествуваат во планираните воени вежби на Карибите. Флотата, со фрегата Адмирал Горшков и подморницата Казан – и двете вооружени со напредно вооружување , влегла во пристаништето во Хавана во средата наутро.

Во деновите пред пристигнувањето на руските воени бродови, на интернет кружеа слики и видеа, кои наводно го покажуваат пристигнувањето на фрегатата „Адмирал Горшков“ во пристаништето во Хавана. Таков е и случајот во објавата што ја рецензираме но видеото е старо и не е од ова неодамнешно пристигнување.

На снимката се гледа како сива фрегата се приближува до пристаништето. Специфични знаменитости на Хавана се видливи во позадина, како што се тврдината Сан Карлос де ла Кабана и авенијата Дел Пуерто.

Иако видеото навистина ја прикажува фрегатата Адмирал Горшков на пристаништето во Хавана, тоа нема никаква врска со посетата на флотата на 12 јуни. Обратно пребарување на слики од видеото во пребарувачот Гугл, како и пребарувачот Тин Ај, открива дека видеото е старо пет години и се однесува на посета на Хавана од истата фрегата во 2019 година. Подолга верзија на видеото е достапна на Јутјуб, објавена од новинската агенција Асошиејтед прес во јуни 2019 година.

Со оглед на тоа што Хавана се наоѓа на околу 145 километри (90 милји) од јужната држава Флорида, распоредувањето на овие бродови од страна на Москва толку блиску до бреговите на САД се смета за провокативна демонстрација на сила. Тоа доаѓа во време кога се чини дека тензиите се зголемуваат меѓу Москва и Вашингтон поради целосната воена инвазија на Русија врз Украина. Американскиот претседател Џо Бајден неодамна ѝ даде зелено светло на Украина да користи американско оружје за напади во Русија, пишува Дојче Веле.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која се пропушта контекстот. Иако видеото навистина ја прикажува фрегатата Адмирал Горшков на пристаништето во Хавана, тоа нема никаква врска со посетата на флотата на 12 јуни. Покрај тоа што видеото е со постар датум, тоа е објавено и пред фрегатата да пристигне во Хавана годинава, односно два дена порано.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двајца полицајци се сомничат дека примиле поткуп за да не констатираат сообраќаен прекршок

МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на...