fbpx

Зеленски планира да се сретне со Бајден, нови руски напади врз Украина

Зеленски последен пат го посети Вашингтон во декември 2022 година. Потоа се состана со Бајден и се обрати во двата дома на Конгресот

-

Украинскиот претседател Володимир Зеленски планира средба со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа по обраќањето на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк следната седмица, објавија американските медиуми, пренесе Би-би-си.

Засега нема официјална потврда за датумот на посетата. Исто така, останува нејасно дали Зеленски ќе се обрати во Конгресот како во декември 2022 година.

За време на посетата, се очекува украинскиот претседател да побара континуирана поддршка за неговата земја во војната против Русија. Бајден моментално лобира кај своите колеги од Демократската партија за повеќе од 20 милијарди долари дополнителна воена, економска и хуманитарна помош која што САД би ја испратиле кон Украина.

Во американскиот Сенат, од почетокот на војната, Украина доби широка поддршка од двете страни. Но, критиките за континуираните плаќања за помош се зголемија неодамна во Претставничкиот дом, контролиран од Републиканците.

Зеленски последен пат го посети Вашингтон во декември 2022 година. Потоа се состана со Бајден и се обрати во двата дома на Конгресот. САД ѝ даваат на Украина повеќе воена помош од кој било друг сојузник за одбрана од руската инвазија која не запира.

Во меѓувреме, продолжуваат руските напади врз Украина. Како што пренесе Укринформ, ноќеска Русија ја нападнала Украина со камикази дронови од иранско производство Шахид-136/131. Биле забележани вкупно 17 напади на беспилотни летала, кои летале во правец на регионот Хмелницки преку различни рути.

Украинските воздухопловните сили соопштија дека сите 17 дронови биле уништени со борбени авиони, противвоздушни ракетни единици, мобилни огнени групи на воздухопловните сили и други компоненти на одбранбените сили.

Генералштабот на вооружените сили на Украина исто така соошти дека успеале да го врати под контрола селото Андриивка во источниот регион Доњецк, нанесувајќи значителни загуби на човечка сила и опрема на руските сили и се зацврстиле на постигнатите линии.

„Во областа на одговорност на оперативно-стратешката група Хортица во секторот Бахмут, непријателот не престанува да се обидува да ја пробие одбраната на вооружените сили на Украина кај Бохданивка. За возврат, одбранбените сили беа делумно успешни за време на офанзивните операции во близина на Клишчиивка“, соопштија од украинскиот генералштаб.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...