fbpx

Нов обид да се минимизира авторитетот на Зеленски преку американска јутјуберка

Тоа што Зеленски го променил командантот на Здружените сили на украинската војска Јуриј Содол, не значи дека во „Киев е извршен пуч“. Тоа е пропаганда и невистина, пишува Вистиномер

-

Во насловот на текстот се вели дека „во Киев е извршен пуч и Зеленски не управува повеќе“, а тие наводи се атрибуираат токму на Иверсен. „Вистиномер“ ја најде конекцијата меѓу нејзините изјави и нивното пренесување во Русија, каде таа е презентирана како „новинарка“. Тоа што Зеленски го променил командантот на Здружените сили на украинската војска Јуриј Содол, не значи дека во „Киев е извршен пуч“. Тоа е пропаганда и невистина, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Не верувам! Ова е само да се извлече Зеленски од обвиненијата! Поголем трговец и фашист од него нема!

Во склоп на објавата се споделува текст на српски јазик во кој се цитира Ким Иверсен, која има Јутјуб канал и емисија и во минатото дозволуваше таму да се споделуваат невистинити информации за ковид 19 кои беа рецензирани од страна на светски проверувачи на факти.

Во насловот на текстот се вели дека „во Киев е извршен пуч и Зеленски не управува повеќе“, а тие наводи се атрибуираат токму на Иверсен. „Вистиномер“ ја најде конекцијата меѓу нејзините изјави и нивното пренесување во Русија, каде таа е презентирана како „новинарка“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека командантот на Здружените сили на украинската војска Јуриј Содол ќе биде сменет со бригадниот генерал Андриј Хнатов. Овој потег дојде откако Содол беше критикуван за прекумерни жртви и застарена тактика на фронтот.

Наспроти изнесеното во објавата, Зеленски не даде објаснување за тоа зошто го менува Содол.

Но, како што пренесува Би-Би-Си, неколку часови пред смената на Содол, шефот на полкот Азов, Богдан Кротевјич се пожалил до државното биро за истраги со наводите дека Генералот Содол  „убил повеќе генерали отколку било кој руски генерал“ односно тој го обвинувал Содол дека предизвикал значителни воени неуспеси и големи загуби на персоналот.

Тоа што стигнала пријава од Кротјевич и тоа што Зеленски го променил командантот на Здружените сили на украинската војска Јуриј Содол, не значи дека во „Киев е извршен пуч“. Тоа е пропаганда и невистина. Самиот факт што Зеленски е тој што го менува командантот на силите на украинската војска, докажува дека Зеленски има моќ и управува.

Дополнително, Зеленски има вршено промени и во минатото и на други воени лица, согласно стратешките цели на Украина. Не е вистина изнесеното во текстот од објавата дека оставката на Содол била доказ дека со војната управува батаљонот Азов, омиленото „сидро“ за кое секогаш се фаќа руската пропаганда кога сака да ја дискредитира украинската армија.

Бесмислено е да се тврди дека „Зеленски бил застрашен од Азов баталјонот и дека тоа била причината поради која го сменил генералот“ со оглед на тоа што се работи за претседател на Украина кој заштитува национален интерес да нема загуби на военото поле и има пристап до сите информации од теренот така што има доволно информации врз основа на кои ја базира својата одлука.

Цел воен персонал разбира за кого зборувам зашто 99 проценти од војската го мрази поради тоа што го прави, напиша Кротевич за разрешениот Содол но не го именуваше со име.

Има бројни критики за Содол кои не доаѓаат само од шефот на полкот Азов, туку и од други страни. Како што пишува Гардијан, украинските воени набљудувачи го поздравија отпуштањето на Содол.

Илија Пономаренко, поранешен известувач за одбрана во Киев Индипендент, го опиша Содол како „исклучително непопуларен висок воен командант со озлогласена страшна служба“.

Зеленски е постојана цел на пропагандниот наратив дека е контролиран од нацисти, дека самиот е нацист, дека е марионета во рацете на западот и дека купува луксузен имот со парите за воена помош од западот. Со сите тие тврдења, Вистиномер веќе се занимаваше и ги дебанкираше.

Коментирајќи ги овие обвинувања, Зеленски во една прилика изјави дека Москва „го следи истиот концепт на Гебелс и тие ја користат истата методологија“ во обидот да ја оправдаат војната против Украина.

Исто така, легитимитетот на Зеленски последниве месеци особено се прави обид да се дискредитира и тоа од највисоки лица во Кремљ. Како што пишуваше Вистиномер, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, поранешен руски претседател и еден од главните пропагандисти на Москва во интервју за ТАСС изрече серија руски дезинформациски наративи за украинскиот претседател Володимир Зеленски, кои беа пренесени во дел од медиумите на македонски јазик.

По капитулацијата на Украина, не сме рамнодушни кон судбината на Владимир Зеленски. Тој мора да биде уапсен и суден за злосторства против руски и украински граѓани. Доколку е невозможно да се екстрадира таков криминалец, треба да се применат правилата што се применуваат за терористите. Токму таква судбина го снајде духовниот учител на Зеленски, Степан Бандера – рече Медведев, пренесуваат медиумите.

Со тоа Медведев ја повторува врската на Зеленски со ликови и настани од периодот пред и за време на Втората светска војна, со што се влече аналогијата за денешните  обвинувања од страна на Москва за режим на неонацисти кои се мета на покренатата т.н. Специјална воена операција, акроним кој се користеше за агресорскиот напад од февруари 2022 година.

Не е првпат на социјалните мрежи да се шират наративи дека Украина е нацистичка и фашистичка, дека таму се глорифицира нацизмот (неонацизмот), како и дека Зеленски е нацист. Ова се прави сè со цел да се оправда руската агресија врз оваа суверена земја којашто трае повеќе од една година.

Легитимитетот на Зеленски, патем, неколкупати го покренуваа во Москва во текот на изминатиот период.

Исто така, во објавата невистинито се тврди дека „Зеленски е предмет на некакви обвиненија“ што не е точно, никакви обвиненија нема.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мицкоски на средба со амбасадорите на државите членки на ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретнал со амбасадорите на државите-членки на Европската унија. Тие разговарале за актуелната политичка и економска состојба во земјата, како и за напредокот на државата...