fbpx

Заврши протестот против изградбата на крстот во Бутел

-

Протестот против поставувањето крст во општината Бутел заврши без инциденти, со поставување шатори на локацијата каде што пред неколку дена беше камен-темелникот.

Заедно со демонстрантите, протестираа и членови на владејачката партија ДУИ. Изет Меџити, градоначалник на општината Чаир, рече дека иако протестот е организиран од ДУИ, тој го изразува револтот на сите Албанци во Македонија од поставување верски симболи среде улица. Тој најави дека протестите нема да запрат сè додека не се повлече одлуката за поставување 55-метарскиот крст.

– Тука сме уште еднаш да го искористиме нашето демократско право – изразување на револт како Албанци, Албанци – муслимани, Албанци – католици, Албанци – православни, бидејќи цениме дека оваа невалидна одлука на општина Бутел е провокација кон сите Албанци во Република Македонија. Затоа на овој протест нема партиско знаме иако е организиран од ДУИ, туку има само албанско знаме за да изразиме револт сите како Албанци кон оваа одлука, бидејќи со ова се провоцираат меѓуетничките и верските односи во Република Македонија – рече Меџити.

По ова демонстрантите се упатија кон камен-темелникот за крстот, ја урнаа оградата и на просторот поставија шатори каде најавија кампување за вечерва.

На просторот се поставени албански знамиња, а демонстрантите запалија и една од палмите во оградениот простор.

По час и половина, поголем број од демонстрантите се разотидоа, а неколкумина останаа во шаторите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во рамки на Министерството за финансии на денешната седница донесе одлука за враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на нивото од пред...