Ноќеска, околу еден часот по полноќ, бил запален автомобил на паркиралиште на улицата Борис Сарафов, во скопската населба Ѓорче Петров, информира МВР.
Станува збор за возило марка „опел астра“, сопственост на 38-годишниот Г.Т. од Скопје. Од полицијата велат дека засега не се познати причините за опожарувањето на возилото, кое целосно изгорело.
Огнот, како што додаваат од МВР, делумно зафатил и автомобил „даеву матиз“, сопственост на Н.С. (35), кое било паркирано до „опелот“.
Поражот го изгаснала екипа на скопската противпожарна бригада.
Увид на местото ќе се врши во текот на денот.