fbpx

Заев се сретна со Митов, министер за надворешни работи на Бугарија

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, се сретна со министерот за надворешни работи на Бугарија, Даниел Митов, придружуван од заменик-министерот, Валентин Порјазов, и од амбасадорот на Бугарија во Македонија, Иван Великов-Петков.

Теми на разговорите беа актуелната политичка криза во државата и односите помеѓу Македонија и Бугарија.

– Се обидуваме низ разговори за создадеме услови за преговори што ќе доведат по мирен пат до решенија на длабоката политичка криза во Македонија. Во интерес на европерспективите на граѓаните и на државата, потребно е за краток временски период, разговорите да резултираат со договор за повлекување на Груевски од премиерската позиција, најмалку шест месеци пред формирањето на Владата што треба да ги организира и да ги спроведе изборите, како што налагаат елементарните услови за фер и демократски избори – му посочил Заев на Митов.

На средбата позитивно биле оценети активностите на опозицијата и на надпартиската коалиција Граѓаните за Македонија, во духот на европските вредности.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Заспаната убавица“ ќе се изведе на 15 мај на „Мајски оперски вечери“

Безвременскиот класичен балет „Заспаната убавица“, со прекрасната музика на Петар Илич Чајковски ќе се изведе на 15 мај со почеток во 20 часот во рамките на меѓународниот фестивал 52....