fbpx

Зоран Заев се сретна со францускиот пратеник Филип Диран

-

Шансите за решавање на политичката криза со помош на меѓународните претставници, актуелните политички предизвици на Македонија, економските проблеми, закочените евроатлатски процеси, беа темите на коишто разговараа претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и пратеникот во Собранието на Франција, Филип Диран.

– Неопходни се споделени гаранции за имплементација на препораките од извештајот на Прибе, бидејќи посочените критични области се кочничар за демократско функционирање на институциите на системот, кои се комплетно партизирани, како и за организирање слободни избори – изјави претседателот Заев.

На средбата е изразена особена загриженост за проблематичниот изборачки список, како и за недозволивото функционирање на републичкиот јавен обвинител, на обвинителот за организиран криминал, на судството, по директиви на актуелната власт.

– Доколку утре, со помош на пријателите од Европската Унија и од САД, не бидат договорени организацијата на влада и механизмите што треба да обезбедат демократски институции и избори, СДСМ ќе пристапи кон алтернативни начини за остварување на овие цели – најави претседателот Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...