fbpx

Заев на средба со италијанскиот амбасадор побара повлекување на Груевски

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Италија во Македонија, Масимо Белели.

Можноста за постигнување договор на 29 јуни за начинот на разврска на политичката криза во Македонија била е една од главните теми на состанокот.

Заев ја пренел неговата посветеност и посветеноста на СДСМ на разговори на принципиелно ниво, што ќе донесат до решенија кои мора да бидат доволна гаранција за спроведување на слободната волја на граѓаните.

– Подготвени сме да најдеме решение. За постигнување на таа цел, важно е да се обезбедат квалитетни механизми за системска реорганизација, што ќе спречат понатамошни злоупотреби и организација на влада во која нема да бидат вклучени креаторите на кризата, премиерот Груевски и неговите соработници – рече Заев.

Тој ја појасни потребата за повлекување на Груевски шест месеци пред изборите, со потребата на граѓаните од доверба во подготовките на изборниот процес, без уцени, закани, поткуп на гласачи, користење на државните и на кадровски ресуси од позиција на политичка моќ, во цели на тесната група на власт.

Италијанскиот амбасадорот Белели го пренесе очекувањето за брзо и целосно решение на политичката криза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...