fbpx

Иванов и Богов разговараа во Охрид

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Вила „Билјана“ во Охрид се сретна со Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Република Македонија.

На средбата се разговараше за поставеноста на монетарната политика на Република Македонија, во контекст на последните случувања од грчката должничка криза и за можните рефлексии врз нашата држава.

Гувернерот Богов го информираше македонскиот претседател за преземените мерки и активности на Народната банка на Република Македонија, како и за можните сценарија при решавањето на кризата во еврозоната. Тој истакна дека македонскиот банкарски систем е отпорен и дека може без поголеми последици да ги издржи ударите од кризата.

Претседателот Иванов и гувернерот Богов констатираа дека Народната банка на Република Македонија претставува стабилна институција, која досега покажа капацитет за постигнување финансиска стабилност и за одржување сигурен и стабилен банкарски систем.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...