fbpx

Заев: На 1 септември СДСМ се враќа во Собранието

-

Пратениците на СДСМ на 1 септември ќе го прекинат бојкотот и ќе се вратат во Собранието, изјавил за „Утрински“ лидерот на најголемата опозициска партија, Зоран Заев, и додал дека „Договорот од Пржино ќе резултира со серија законски предлози кои СДСМ ќе ги гласа“.

„На 1 септември се враќаме за да го усвоиме законот за специјалниот обвинител, врз основа на кој ќе биде избран специјалниот обвинител. Овој закон е клучен во целиот процес, бидејќи од неговата содржина и надлежност ќе зависи и кандидатот што ќе биде избран на оваа позиција“, изјавил Заев за „Утрински“.

Како што пишува весникот, Заев не сакал да ги соопшти имињата на правните експерти што за опозицијата би биле прифатливи за функцијата специјален обвинител. Тој изјавил дека специјалниот јавен обвинител треба да биде заеднички избор на четирите политички партии, поради што не може предвреме да шпекулира со имиња.

Покрај тоа, „Утрински“, повикувајќи се на извори од СДСМ, пишува дека веќе бил стеснет кругот на можните кандидати за кадровските решенија што партијата треба да ги делегира во преодната влада, која треба да ги подготви предвремените парламентарни избори догодина во април, но, од партијата не сакале да ги соопштат нивните имиња, бидејќи сè уште се воделе консултации со нив. Станува збор за кандидати за министри за внатрешни работи, за труд и социјална политика, како и за заменици министри за финансии, земјоделство и за информатичко општество и јавна администрација.

Инаку, враќањето на СДСМ во Собранието е дел од договорот што четворицата лидери, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи го постигнаа под покровителство на меѓународната заедница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...