fbpx

Заев и Шекеринска се сретнаа со претставници на ОБСЕ

-

Зоран Заев и Радмила Шекеринска денеска се сретнаа со делегација на ОБСЕ, предводена од Џерард Стоудман, специјален претставник за Западен Балкан.

На средбата се разговарало за актуелната ситуација во која се наоѓа Македонија, политичката криза и за безбедносните предизвици со кои се соочува земјава.

„Клучно е воспоставениот систем на партиска контрола врз институциите да се замени со создавање независни државни институции, кои ќе имаат легална, законска контрола врз процесите за кои се надлежни. На тој начин Македонија ќе чекори кон нормализација на општеството. Ќе имаме независно судство, слободни медиуми, ќе се вратат слободата и демократијата. Тоа е интересот на граѓаните, да имаме нормална и демократска земја“, изјавил Заев.

На средбата се согласиле дека членството на Македонија во ЕУ и во НАТО нема алтернатива и дека тоа е целта кон која треба да се стремат сите политички субјекти во земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Големи полициски сили во кампусот на УКЛА по судирот меѓу пропалестинските и произраелските демонстранти

Полицијата во опрема за немири пристигна во кампусот на Универзитетот во Калифорнија, каде се судрија пропалестинските и произраелските демонстранти, објави Асошејтед прес. Судирите се случија денеска рано наутро по локално...