fbpx

За Ахмети нема време за нови закони за СЈО

-

За да се усвојат нови закони, треба да се прават и нови договори, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, одговарајќи на новинарско прашање дали Собранието ќе ги донесе законите за олеснување на работата на СЈО.

Ахмети е дециден дека за сето тоа, сепак, нема време.

– Имавме многу добра средба со Хан и заеднички став е дека веќе постигнатиот договор треба да се почитува од сите. Тоа е клучно за да се одржат фер и демократски избори – изјави Ахмети.

По средбата со лидерот на ДУИ, еврокомесарот се упати кон седиштето на СДСМ, каде треба да разговара со лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

Претходно, Хан разговараше и со специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, премиерот Емил Димитриев, претставници од невладиниот сектор и со лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

По средбата со Ахмети, еврокомесарот на „Твитер“ напиша: „Добра размена на ставови со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Имавме сеопфатна дискусија за условите што треба да бидат исполнети за веродостојни избори, реформските приоритети и за помирувањето“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...