fbpx

Втор ден од шаховскиот турнир за слепи и за лица со оштетен вид

-

Во просториите на „Здружението на слепи и лица со оштетен вид“, денеска продолжува 42. традиционален „Меѓународен шаховски турнир на слепи и лица со оштетен вид“.

Шахистите ги посети и ги поздрави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, којшто на годинешните учесници им посака успешен турнир.

– Оваа спортската манифестација, којашто има долга традиција, односно годинава се одржува по 42. пат, спаѓа во активностите на градскиот Сојуз на слепи и лица со оштетен вид, а Градот Скопје со задоволство ја поддржува. Ме радува фактот што има и други финансиски поддржувачи на овој турнир, што е меѓународен и што од година во година станува сè поквалитетен. Се надевам дека и во иднина ќе бидеме во можност да ви помагаме, а нашите служби секогаш ќе ви бидат на располагање. Ви посакувам успешен турнир и квалитетна спортска борба – истакна градоначалникот Трајановски.

Градот Скопје, преку секторот за јавни дејности, во согласност со програмата за повластен јавен градски превоз на лица со посебни потреби, за лицата со оштетен вид има издвоено 4.658.640 денари, односно им има доделено 329 бесплатни билети.

Исто така, Градот Скопје од Буџетот одвои 47. 700 денари и им обезбеди организирано патување на дводневна екскурзија во Струга на 150 членови од Здружението на слепи лица.

Шаховскиот турнирот во машка и во женска конкуренција ќе трае и во текот на викендот, а ќе учествуваат вкупно 35 шахисти, 26 од Македонија и 9 од странство, како и 8 учеснички од Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...