fbpx

Време на дивиденди, акционерите ќе се офајдат

-

„Алкалоид“, „Македонски телеком“, Стопанска банка – Скопје, „Европа“, „Гранит“, „Цементарница Усје“, „Оилко КДА“, „Бетон“, „Топлификација“, „Осигурување и реосигурување – Македонија“, „Виена иншуренс груп“ се само дел од компаниите што поделија или ќе поделат дивиденда на своите акционери.

Според извештаите што компаниите ги доставија до Македонска берза, секоја од нив, во зависност од акумулираната добивка за претходната година, ја одредуваат и цената на акциите што ќе ја исплатат на акционерите.

Фармацевтската компанија „Алкалоид“ исплатата на дивидендата ја направи на 20 мај. На акационерите им се исплати  дивиденда за 2014 година во висина од 189 денари нето, односно 210 денари бруто, за една акција.

„Македонски телеком“ годинава планира да исплати дивиденда во бруто-износ од 2,262 милијарди денари (36,7 милиони евра), што е еднаков износ на остварената нето-добивка на компанијата за 2014 година. Бруто-износот по акција е 31,49 денари.

Стопанска банка Скопје ќе дели дивиденда од 16 денари за приоритетни акции. Од компанијата соопштија дека ќе извршат исплата на дивиденда по приоритетни акции за 2014 година во вкупен износ од 3,6 милиони денари или бруто-износ од 16 денари по акција. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 8 јуни, 2015 година.

Од нето-добивката по годишна сметка за 2014 година на ГД „Гранит“ АД Скопје, во износ од 188.159.610 денари, 47.141.440  денари бруто-износ се распределува за дивиденда. Висината на бруто-дивидендата по акција изнесува 16 денари. Од добивката 12.000.000 денари бруто-износ оди за награда за менаџерскиот тим и на раководен кадар, а 129.018.170 денари за реинвестирање.

Вкупниот износ за распределба на дивиденда на акционерите во „Цементарница Усје АД Скопје“ изнесува 1.479.933.000 денари, односно 2.625 денари за една акција. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2014 година е 2 јуни. Исплатата на дивиденда ќе се изврши најдоцна до 30 септември.

И градежната компанија „Бетон“ АД Скопје ќе дели дивиденда, а вкупниот износ на дивиденда е 60,02 милиони денари или 1.100 денари бруто-дивиденда по акција. Парите се од акумулирана добивка до 2008 година. Нето-износот на дивиденда по одбивање персонален данок е 990 денари, а последен ден на тргување со право на дивиденда беше 18 мај.

Фабриката „Европа“ одобрува исплатата на дивиденда од добивката за 2014 година во бруто-износ од 11.501.700 денари. Дивидендата во бруто-износ по акција ќе изнесува 50 денари. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 15 јуни.

И „Топлификација“ АД Скопје ќе подели дивиденда, но Собранието на акционерите на кое ќе се усвојуваат извештаите за работењето на друштвото во 2014 година, како и за распределба на добивката и распределба на дивиденда, ќе се одржи утре.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...