fbpx

Војната во Украина е светски проблем, смета Сиљановска Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова присуствува на Самитот за мир во Украина, што се одржува во Бургеншток, на езерото Луцерн во Швајцарија

-

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова присуствува на Самитот за мир во Украина, што се одржува во Бургеншток, на езерото Луцерн во Швајцарија. Таа денеска ќе се обрати на пленарната сесија, пред која изјави дека една од најважните пораки што треба да се упатат е дека кон војната во Украина треба да се однесуваме не како кон украински проблем, туку како европски и светски проблем.

„Неподелени беа мислењата дека дијалогот е здрава работа, дека мировната конференција навистина и покрај многуте учесници дојде до единствени сознанија. Најчесто се повикувавме сите на Повелбата на Обединетите Нации, најчесто се повикувавме сите на мировните решенија“, изјави претседателката Сиљановска Давкова.

Таа додаде дека денеска учествувала и на панелот за безбедноста, односно опасноста по безбедноста за храната, од што и ние сме засегнати.

„Уште еден доказ дека она што се случува, односно војната, нè засега сите и дека сите треба да помогнеме за да се најде соломонско решение, тоа значи, праведно решение за Украина, решение што ќе гарантира постојан мир, јас велам Кантов вечен мир. Еднаш мислам дека е крајно време, наместо да велиме никогаш повеќе и повторно да се соочуваме со војна, да се потсетиме на ноторниот факт дека Европската заедница настана како мировен проект и дека Европската Унија, но и сите држави во светот, имаат обврска да го чуваат мирот“, изјави претседателката Сиљановска Давкова.

Заблагодарувајќи се на Швајцарската Конфедерација за организирањето на Самитот, таа додаде дека остварила куси средби со претседателката на Швајцарската Конфедерација, Виола Амхерд, потпретседателката на Соединетите Американски Држави, Камала Харис, со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. На маргините на конференцијата претседателката Сиљановска Давкова оствари средби со повеќе други светски лидери.

Собирот во Швајцарија на кој присуствуваат 100 делегации од целиот свет има цел да воспостави форум за дијалог на високо ниво за начините за постигнување сеопфатен, праведен и траен мир за Украина во согласност со меѓународното право и Повелбата на ОН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Elden Ring- Elden Lord Armor Set and Set Greatsword скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Експанзијата на „Елден Ринг“ ја губи публиката бидејќи е претешка за играње

Откако излезе експанзијата за Елден Ринг, „Shadow of the Erdtree", публиката почна масовно да се жали дека експанзијата е претешка за играње. Тоа и е причината што оваа експанзија...