fbpx

Во Турција уапсени 12 академици

-

Турските власти уапсиле 12 академици што се потпишале на декларацијата со која се осудуваат воените операции на Анкара против курдските милитанти.

Потегот следувал откако повеќе од 1.200 научни работници се најдоа под истрага поради критикување на турската држава.
Академиците се, исто така, обвинети за наводно учество во „терористичка пропаганда“ откако ја потпишале декларацијата со која се осудуваат воените операции против курдските бунтовници на југоистокот на земјата.

Околу 1.200 академици од 89 универзитети, вклучувајќи и истакнати странски научни работници, како што е Ноам Чомски, Дејвид Харви и Имануел Валерстајн, ја потпишаа декларацијата насловена „Не сакаме да бидеме дел од овој злостор“.

Во декларацијата се повикуваат властите во Анкара да ги прекинат „масакрот и крвопролевањето“ во Југоисточна Турција и да ја укинат блокадата на курдските градови.

Во декларацијата е наведено дека претседателот Реџеп Таип Ердоган води војна против сопствениот народ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утре се прегласува на седум избирачки места

По парламентарните избори на 8 мај, утре се спроведува прегласување на седум избирачки места во рамките на петтата и на шестата изборна единица. Се прегласува на избирачките места во...