fbpx

Во торнадо настрадаа мајка и ќерка

-

Во торнадо кое ноќеска ја погоди сојузната американска држава Луизијана, настрадале мајка и нејзината тригодишна ќерка, соопшти гувернерот на Луизијана, Џон Вел Едвардс.

Торнадо со брзина од околу 180 километри на час го погоди селото Крукс Бриџ, околу 80 километри западно од Батон Руж, главниот град на Луизијана.

Портпаролот на шерифот на оваа област, Џини Хигинс, изјави дека невремето го погодило селото неколку моменти откако локалните жители биле предупредени. Торнадото ја однело приколката во која живееле мајката и ќерката.

– Триесет и осумгодишната Френсин и нејзината тригодишна ќерка Неве починале на самото место – вели Хигинс.

Торнадото го погодило и градот Александрија, каде ветерот однел покрив на една бензинска станица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...