Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 598 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, а вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат заедно со главниот град, Скопје, изнесува 984. Има вкупно околу 320 празни болнички кревети.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 40 пациенти, во Штип се примени 53 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болни, а во Куманово 95 пациенти. Во ковид центарот во Охрид се на лекување 60 пациенти, во Прилеп 70, во ковид центарот во Гостивар 39, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 53 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 18, Кавадарци 30, во  Гевгелија 14 лица, а во Дебар 6 позитивни и суспектни на корона вирусот. 

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 20 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. На интерните клиники имало 7 приеми, по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за ОРЛ и на Клиниката за гастроентерохепатологија, тројца на Очната клиника и двајца на Клиниката за Нефрологија. Во ГОБ „8 Септември“ имало 8 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани петмина болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти. 

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 86 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“, информираат од Министерството за здравство.