fbpx

Во Холандија запланет кокаин, вреден 30 милиони евра

-

Холандската полиција во пратка ананаси пронашла повеќе од еден тон кокаин, чија вредност на црниот пазар изнесува околу 30 милиони евра, и уапсила четири лица.

Врз основа на дојава, полицијата упаднала во магацин во градот Рамсдонксвер, каде во вреќите во кои требало да има ананас, пронашла дрога.

Во полициското соопштение се наведува дека запленети се околу 1.100 килограми кокаин, кој на црниот пазар има вредност меѓу 25 и 30 милиони евра.

Четворица мажи, на возраст меѓу 22 и 28 години, осомничени се за трговија со дрога и неделава ќе бидат изведени пред судот во Ротердам, соопшти полицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Премиерот на преодната Влада, Талат Џафери, како и претседателот Стево Пендаровски, упатија честитка до граѓаните по повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот. „Како држава, треба секогаш да размислуваме...