fbpx

Во Германија во 2015 година исчезнале 5.835 деца бегалци

-

Во Германија во текот на изминатата година исчезнале 5.835 малолетни бегалци, од кои 555 помлади од 14 години, јавуваат германските медиуми.

Тие се повикуваат на информацијата што од владата и од парламентот ја доби германската новинска агенција „Функе медиенгрупе“.

Многу од малолетните бегалци пристигнале во Германија без надзор на возрасни.

Германското министерство за семејни прашања во февруари, реагирајќи на пишувањата на медиумите за статистиката на малолетни бегалци во таа змеја, соопшти дека нема причина да се верува во исчезнувањето на илјада малолетни деца.

Радио „Дојче веле“ наведува дека министерството за внатрешни работи кое одговорило на прашањата на „Функе медиенгрупе“, не дало објаснување за исчезнувањето на децата.

Членка на партијата на зелените, Луиз Амстберг, оценува дека владата на канцеларката Ангела Меркел, на овој проблем не одговара на задоволителен начин со оглед на тоа дека не ја зела сериозно предвид опасноста од принудата на проституција и на експлоатација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...