fbpx

Во еден ден казнети 212 возачи и 146 пешаци

-

Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на С. Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 212 возачи, соопштуваат оттаму. Исто така, со последните котроли на сообраќајците, казнети се и 146 пешаци кои направиле прекршоци.

„Од казнетите возачи, 17 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 136 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 76 надвор од населено место. Од прекршоците што ги направиле пешаците, 118 се за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, а 18 казни се за минување на црвено светло“, стои во соопштението од МВР.

За време на контролите регистрирани се и 124 останати прекршоци. Оттаму  најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“, стои во соопштението.

Само 6,5 отсто од барањата за изводи во 2022 година граѓаните ги пополниле во електронска форма [инфографик]

Само 6,5 отсто од барањата поднесени од граѓаните за издавање на извод од матична книга на родени, умрени или венчани се во електронска форма, додека останатите се поднесени лично,...
Download Best WordPress Themes Free Download
Premium WordPress Themes Download
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Best WordPress Themes Free Download
free online course
download huawei firmware
Download WordPress Themes
free download udemy course