fbpx

Во ДИК се пријавиле 595 граѓани со спорни записи

-

Заклучно со денеска, 31 јули 2016 година, до 13 часот, до Државната изборна комисија се пријавиле вкупно 595 за да го регулираат своето избирачко право.

Како што соопштија од ДИК, 142 лица се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 453 за пријавување ја искористиле апликацијата на интернет-страницата на Комисијата.

По извршените вкрстени и теренски проверки несовпаѓање на податоците во избирачкиот список кај 39.502 граѓани. Тие треба да го регулираат своето избирачко право со доставување на личен документ за проверка најдоцна до 19 август, по што ќе бидат вметнати во избирачкиот список.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...