fbpx

ВМРО-НП: Во Македонија има два паралелни економски системи

-

„ВМРО – Народна партија со внимание ги следи настаните поврзани со најновиот предлог-закон на Владата, со кој ќе се оданочува хонорарниот труд. На жестоката реакција на работниците кои се засегнати од овој закон, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, неуспешно се обиде да ја оправда одлуката на Владата“, се вели во денешната реакција на ВМРО-НП.

Единствениот аргумент, стои во соопштението, во полза на новото оданочување кое повеќе ќе ги дотолчи и така осиромашените граѓани со ниски примања, му беше споредбата со некои држави каде што е на сила ваков или сличен закон.

„ВМРО-Народна партија тврди дека споредбата со тие држави воопшто не држи. Тоа се земји каде што основното човеково право на еднаквост при работа е уставна категорија и важи еднакво за сите граѓани. За жал, во Македонија постојат два паралелни економски системи, во кои владеат различни начини за наплата на давачките што произлегуваат од законот за работни односи. На пример, во слободните економски зони, каде што имаме странски инвестиции, сите давачки на вработените се наплатуваат од буџетот на Македонија. Ова јасно потврдува дека досегашната наплата на давачки кои се на товар на домашните фирми не биле доволни за да го компензираат минусот во буџетот од неплаќањето на фирмите од слободните економски зони, за сега да се принудени да посегнат и во џебот на хонорарците, со неверојатни 35 проценти. И затоа господине министре, следниот пат споредбата правете ја со привилегираниот статус на фирмите во слободните економски зони во однос на останатите фирми во Македонија, а не со Германија, Австрија и со Хрватска. Исто така, со овој закон, одредени категории на граѓани се ослободуваат од обврската за плаќање на овој данок, со што се доведува во прашање равноправноста пред законите“, се вели во соопштението од партијата.

ВМРО-Народна партија констатира дека во моментов во Македонија со закон е дозволено функционирањето на два паралелни економски системи што не е фер кон домашните фирми, кои се носители на економскиот развој, а се оптоварени со непотребно високи давачки кои претставуваат претежок товар во нивното работење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...