fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го посети градот што најмногу настрада во криминалната приватизација

-

„Зоран Заев и СДСМ го посетија градот што најмногу настрада во време на нивната криминална приватизација. Токму во Штип беа наjсилно почувствувани последиците од транзицијата, во која се затворија 684 фабрики, а повеќе од 200.000 луѓе беа оставени без работа“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Добро е што Зоран Заев бил во Штип за да види како овој град напредува, наспроти неговата општина која се дави во комунални проблеми, инфраструктурни предизвици и, најлошо од сè, во корупција. Во Струмица единствена фабрика која е отворена е таа на Вицето, каде што Зоран Заев и СДСМ ги перат криминалните пари. Уште една „фабрика за афери и за фалсификати“ Заев отвори преку својот партиски пулен Закир Бекири Чаушот, а ако законот не го гони, тогаш може да отвори најмалку уште десетина такви. За тоа Зоран Заев има знаење, пари, а и пријатели со дебело криминално досие“, стои во соопштението на владејачката партија.

Оттаму велат дека веројатно поминувајќи покрај Штип, Заев ја видел и „изградената технолошко-индустриска развојна зона во која постојат фабрики“.

„Се надеваме дека Заев сфатил како треба да изгледа една ваква зона, а не неговата ветена и никогаш непрежалена зона во Сачево, која наликува единствено на празна ливада. Во Штип, исто така, е изградена нова 400/110-киловолтна трафостаница, со која е завршен проектот за интерконективно 400-киловолтно далноводно поврзување меѓу Македонија и Бугарија. Во завршна фаза е проектот за изградба на приоритетната делница од проектот „Гасификација на Република Македонија“ Клечовце-Штип-Неготино, отворен е Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, изградени се две социјални згради за ранливи семејства во населбата Сењак. Во Клиничката болница во Штип набавена е опрема: компјутеризирана томографија, магнетна резонанца, литотрипор, ангиограф, коскен дензитометар, кардиолошки ехо-апарати, гинеколошки 4Д ехо-апарати, инкубатор итн, нов дијагностички центар во Штип, современа офтамолошка опрема за клиниката за очни болести“ се наведува во реакцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...