fbpx

ВМРО-ДПМНЕ за средбата во Давос: Не слушнавме на која држава е премиер Зоран Заев

-

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ја поздрави средбата меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас и смета дека директните контакти на двајцата премиери може да придонесат за продлабочување на односите и градење на позитивна клима меѓу двете земји.

Од таму велат дека не гледаат иредентизам во имињата на аеродромот и автопатот кои премиерот Заев најави дека ќе ги менува.

ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека македонските граѓани на вчерашната прес-конференција слушнале многу работи, но не слушнале на која држава е премиер Зоран Заев, а не слушнале ниту на кој јазик говори или на кој народ му припаѓа.

„Во овој момент ВМРО-ДПМНЕ нема никаква информација за процесот на преговори околу проблемот кој што соседна Грција го има со нашето име. Оттаму, не знаеме дали најавите на Зоран Заев за преименување на аеродромот и автопатот се дел од некоја поширока стратегија за која што јавноста не е информирана или пак станува збор за едностран чекор на актуелната Влада на Република Македонија. Доколку е во прашање некаква стратегија, граѓаните очекуваат да бидат информирани за придобивките, а доколку станува збор за второто легитимна е загриженоста дека земјава прави еднострани отстапки, а не добива ништо“, велат од партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...