fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Тој што ќе замине од политичката сцена е Заев

-

Тој што дефинитивно ќе замине од политичката сцена е Зоран Заев и тоа ќе се случи на изборите на 24 април, кога СДСМ и Заев ќе го дожиевеат десеттиот пораз по ред од граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата за медиуми на Љупчо Николовски, член на извршниот одбор на СДСМ.

„Oваа Влада има министри кои пред и по министерската кариера доаѓаат и работат за признати светски институции и компании, а кадрите на СДСМ доаѓаат од корумпирани општински администрации како Струмица и Куманово. Во тоа е разликата. Граѓаните ги прочитаа срамните тактики на СДСМ, чија цел е економско закочување, назадување, тензии и конфликти и тоа ќе го казнат. Во време на СДСМ немаше „И“ од информатичка технологија, освен срамниот скандал на Шекеринска и тендерите што ги добиваше „Семос“. Во време на СДСМ пристапот до интернет беше 9 отсто, а сега е 70 проценти. Тогаш немаше, а сега има компјутери во сите основни и средни школи. Тие не даваа, а ние даваме ваучери за студентите да набават таблет-компјутер. Цената на телефонскиот импулс сега е за 80 отсто пониска отколку во време на СДСМ. Има дигитална телевизија и мобилна телефонија 4G. Донесен е најмодерен закон за администрација кој има и повеќе од европските стандарди. Се донесе и нов закон за општа управна постапка, кој нуди голем број позитивни работи за граѓаните кои ќе им заштедат и време и трошоци. Тоа се само мал дел од работите што покажуваат дека ние работиме со дела и со факти, а СДСМ само со краза и со жолчност, и тоа се дел од прицините поради кои СДСМ на 24 април ќе доживее тежок пораз. СДСМ нека продолжи со својата зачмаеност, ние продолжуваме со работа на повеќе од 2.000 проекти“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...