fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Манчевски е човек без срам и без кредибилитет

-

Дамјан Манчевски е човек без срам и без никаков кредибилитет. Безобразието кај овој човек и кај бандитите од СДСМ оди дотаму да зборуваат за наводно изигрување на законот, а самиот Манчевски е човек кој зад себе веќе има неколку криминални афери, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ и координатор на советничка група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

„Манчевски е човекот кој на јавноста ѝ е познат по криминалните тендери со градоначалникот на Куманово од редовите на СДСМ. Манчевски преку фирмата „Метропаркинг“ од Белград, успеа да намести тендер заедно со Општина Куманово во вредност од половина милион евра, пари на граѓаните, а притоа да не понесе никаква одговорност. Вечниот приврзок на Шекеринска и нејзин шеф на кабинет, очигледно добро го научил занаетот од своите ментори кои се докажани бандити и хохштаплери, а уште подокажани неработници“, се вели во соопштението од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во СДСМ се свесни дека граѓаните гласаат дела и реализирани проекти, а не бандитска политика каква што водат тие.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...