fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Дебатата за тиранската платформа почна да се реализира на дело

-

„По најавата на уценетиот Зоран Заев за отворање дебата за елементите од тиранската платформа, дебатата почна да се реализира на дело. Човекот што го навредуваше и го потценуваше македонскиот народ во секоја своја изјава, Питер Ванхауте, ја откри крајната цел на ова сценарио, а тоа е федерализација на Република Македонија“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Во него се додава дека „албанската пратеничка Месила Дода се закани дека доколку Заев отстапи од платформата, тогаш сите Албанци ќе се ангажираат околу остварување на сонот за Илирида“.

– Партнерот на аболираниот криминалец Зоран Заев, Зијадин Села, јавно го негира македонскиот идентитет и вели дека пред 100 години не постоеле Македонци и кажа дека не го почитува знамето, грбот и химната на Република Македонија. Од друга страна, Трифун Костовски дрско и без срам јасно говори дека треба да им се одземе правото на Македонците по потекло од Егејска Македонија да го кажат сопственото мислење и да се борат за заштита на највисоките државни и национални интереси – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека „јавноста може да претпостави дека оваа дебата, односно пазарење со националните и државни интереси, ќе заврши со редефинирање на државата“.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека остануваат на својата понуда, „доколку СДСМ се откаже од тиранската платформа и реализацијата на елементите содржани во неа, ќе им даде поддршка на СДСМ и на Зоран Заев да формираат влада“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...