fbpx

Владата ги одобри кредитите кои компаниите ги побараа од Развојна банка

-

Владата на денешната седница ја задолжи Развојна банка да склучи договори за кредит со компаниите кои ги исполнуваат условите и критериумите за бескаматни кредити.

„Според информацијата на Развојна банка, од обработените барања условите ги исполниле 136 компании со 1.737 вработени, и на нив им се одобруваат бескаматни кредити во вкупен износ од 1.263.079 евра. Од овие 136 компании-апликанти, 96 проценти се компании до 10 и компании до 50 вработени, што покажува дека средствата од бескаматната линија Ковид1 примарно ќе стигнат до микро и малите компании,“ информираат од Влада.

Најдоцна до крајот на неделата, Развојна банка ќе стапи во контакт со сите компании чии кредитни апликации беа одобрени на денешната Седница на Влада заради реализација на договорите за кредит.

Доставата на Информации со обработени кредитни апликации кои исполнуваат услови до Владата ќе се одвива редовно, на неделно ниво, сè додека не се исцрпат во целост средствата од кредитната линија Ковид1.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...