Видео игри без насилство

Фото: GOG.com

Има мал број на игри којшто се тотално без насилство или содржат мала доза на фантазиско насилство и најчесто се игри со отворен свет каде има истражување. Зборуваме за игри без пукање со пушки и пиштоли и без насилства со „мeч и магија“.

Една таква игра е ABZU. Се работи за игра каде играте како нуркач кој го истражува океанот, со прекрасни подводни предели, пливате со јата риби или покрај китови а околината е воодушевувачка и навистина се потрудиле да ја направат целата игра како едно добро патување. Моментално ја има на Летната распродажба на GOG.com(која трае до 28 јуни) и е на 50% попуст односно наместо 20 евра чини 10 евра.

Другата ваква впечатлива игра е Journey, која беше долго време излезена за Playstation 3 и неодамна излезе и за PC(Personal Computer) на Epic Games платформата каде случајно е на 50% попуст и наместо 15 евра чини 7,5 евра.

Исто така се продава и на Steam каде чини 12,5 евра.

Се работи за прекрасна игра каде што се истражуваат рушевини низ пустина и низ снежни предели и секакви други околини, играта е мистериозна и ве остава преку истражување да дојдете до самата приказна, а наградата е самото патување како и што е насловена.

И третата препорака за ненасилна игра би била играта The First Tree, која што е исто така на 75% попуст на GOG.com и наместо за 10 евра се продава за само 2,5 евра.

Овде играте со лисица која ја истражува дивината и како си ги бара малечките така открива приказна за млад човек кој со глас ја раскажува на својата девојка. Играта има малку полоша графика одошто е преставено на “трејлерот”, но сепак е интересно направена и трчањето со spirit animal(дух-животно) низ природа, дали се зелени полиња, снежни пространства или врнежливи мочуришта-атмосферата на играта  ве релаксира со амбиентите што ги доловува. Во поново време девелоперите се охрабрени да прават вакви игри не само што отскокнуваат од другите игри туку се како еден посебен вид на уметност- уметност што промовира ненасилство.