fbpx

Ветер во грб побара Димитров од европарламентарците

-

„Градењето модерна европска демократија е, пред сè, во интерес на нашите граѓани, во интерес на земјите од регионот и од интерес на ЕУ. Стабилна, економски просперитетна и успешна Република Македонија подразбира стабилен и просперитетен регион“, порачал министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во денешното обраќање пред Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент (АФЕТ), соопшти Министерството за надворешни работи.

Во освртот Димитров ги презентирал мерките за спроведување на клучните реформи во земјата, како и посветеноста на Владата на градењето регионална и меѓународна соработка. Тој на европарламентарците им порачал дека е време за поголема стимулација на Македонија.

– Предолго искусуваме ветер в лице, дајте ни ветер во грб, а ние ќе возвратиме со мирни води и со плодна жетва – рекол шефот на македонската дипломатија, нагласувајќи дека сега е вистинското време да се препознае моментот за енергичен и позитивен ангажман кон повеќе, а не помалку ЕУ-интеграција.

По обраќањето пред парламентарната комисија, Димитров се сретнал со неколку европратеници, повторувајќи го притоа апелот за поддршка за Република Македонија да направи суштински чекор во процесот на европските интеграции во текот на 2018 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Малолетници во притвор за планирање терористички напад во Германија

Четворица малолетници на возраст од 15 и 16 години завршија во истражен затвор поради сомнение дека планирале терористички напад. Тие, наводно, го подготвиле нападот „во согласност со целите и...