fbpx

Венко Андоновски е добитник на меѓународната Толстоева награда „Јасна Полјана“

Андоновски на руското книжевно подрачје започнува да се пробива уште во 2007 година, кога за романот „Папокот на светот” (во превод на Панкина) ја добива наградата „Југра“ за најдобар роман од сите словенски книжевности преведен на руски јазик

-

Романот „Папокот на светлината”, објавен во руски превод на преведувачката Олга Панкина, вчера ја доби наградата „Јасна Полјана“ за најдобар превод на руски јазик за романот на Венко Андоновски.

Андоновски на руското книжевно подрачје започнува да се пробива уште во 2007 година, кога за романот „Папокот на светот” (во превод на Панкина) ја добива наградата „Југра“ за најдобар роман од сите словенски книжевности преведен на руски јазик.

Меѓународната Толстоева книжевна награда „Јасна Полјана“, за најдобар странски роман преведен на руски е основана во 2015 година и ја доделуваат Музејот „Јаснаја Полјана“ и „Самсунг Електроникс“.

Овогодинешното жири беше составено од еминентни писатели како Владимир Илич Толстој, Алексеј Варламов, Евгениј Водоласкин, Владислав Отрашенко и Павел Басински. Од 30 номинации низ 16 земји и 5 континенти, „Папокот на светлината” ја добива наградата а одлуката е донесена едногласно.

Македонскиот писател се придружува кон листата на досегашните добитници: Џулијан Барнз од Велика Британија, Ју Хуа од Кина, Рут Озеки од Kанада, Орхан Памук од Турција, Марио Варгас Љоса од Перу, Патриша Данкер од Велика Британија, Хернан Ривера Летелиер од Чиле и Амос Оз од Израел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...