Вело трка во Битола на 29 август

Невладината организација „Догма“ од Битола организира велосипедска трка за младите над 14 години. Вело трката ќе се одржи на 29 август, а примарна цел е поттикнување на спортскиот дух на младите, како и унапредување на велосипедизмот во градот Битола,  кој, судејќи по велосипедистите низ улиците, е во подем.

Почетокот на настанот е предвидено да се случи на плоштадот Магнолија, каде ќе има и музичка програма и забавен дел за учесниците, како и чип кој ќе го мери времето во текот на трката. Настанот ќе биде поделен на машка трка долга 20 килметри и женска долга 15 километри.

Секој учесник на вело трката е потребно да се пријави на платформата „Smartrace.club“, велат од „Догма“.

Невладината „Догма“е организација која се залага за подигнување на културната свест, пред сѐ кај младите луѓе, организирајќи настани со цел обезбедување опстанот на уметноста и креативноста.