fbpx

Велешката згура може да патува и за Африка и за Источна Европа

-

Две држави, една во Источна Европа и една во Африка, се новите потенцијални дестинации каде што би можела да се транспортира згурата од велешката Топилница. Останува отворена и опцијата троската да замине и за Малезија, која на почетокот на годината ги затвори границите за увоз на отпад. Компанијата „Кепс монт груп“, која доби концесија да ја собере и продаде згурата од Велес, има важечки договор со купувач склучен минатата година, пред забраната да стапи на сила, а до јуни се очекува Малезија да одговори дали ќе биде испочитуван.

Од „Кепс монт груп“, велат дека преговорите со купувачи од двете нови земји, биле дојдени до финална фаза, но ги прекинала пандемијата на коронавирусот.

Требаше да извеземе околу 500 камиони, но не прекинаа блокадите на границите и пристаништата заради Ковид 19. Очекуваме преговорите да продолжат веднаш штом заврши оваа ситуација. Од Малезија сè уште немаме одговор, но ние во меѓувреме активно работевме да најдеме и други потенцијални пазари. Во моментов ниту ние, ниту било кој наш партнер од овие држави не може со сигурност да каже кога ќе се отворат границите и кога ќе можеме да почнеме со реализација на транспортот“, велат во Кепс монт груп.

Компанијата има седум години рок да го реализира проектот, колку што е важноста на Б- интегрираната еколошка дозвола, која ја доби во октомври минатата година од Општината Велес. Кепс монт груп најави дека од декември лани ќе започне со извлекување на минерална техногена суровина од троската со специјални камиони со кади покриени со церади. Досега, само стотина тони од црниот рид згура, како пробни количини, беа транспортирани во Малезија. Троската со тешки метали се проценува дека тежи околу 1,8 милиони тони, а црниот рид е висок од 200 до 250 метри и длабок 22 метри. Според проценките на концесионерот, планираната редовна динамика за транспорт на техногената суровина е по два камиона на час или педесетина камиони во текот на 24 часа, со која ридот би го снемало за околку 48 месеци.

Иако Топилницата за олово и цинк не функционира веќе петнаесетина години, истражувањата на професорот Трајче Стафилов од Институтот за хемија на Природно математичкиот факултет и на велешките невладини организации, потврдија дека почвата и прашината во домовите во Велес се контаминирани со тешки метали и го загрозуваат здравјето на населението. Во почвата и земјоделските производи во овој регион сè уште има присуство на олово, кадмиум и други тешки метали над дозволените граници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...