fbpx

Вчера издадени потврди на вкупно 2.217 мигранти

-

Во последните 24 часа, потврди за искажана намера за барање азил, Министерството за внатрешни работи издало на вкупно 2.217 мигранти, кои на територијата на земјава влегле од Грција.

Најголем број од нив, според МВР, се државјани на Сирија, вкупно 853 лица, 624 се од Авганистан, од Ирак биле регистрирани 323 мигранти и помал од други земји.

Од 19 јуни оваа година, кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита и почна издавањето на потврдите, досега вакви документи, според податоците на МВР, им биле издадени на вкупно 253.369 мигранти.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија (156.530), потоа на Авганистан (55.585), Ирак (20.564), Иран (5.894), Пакистан (5.303), Палестина (2.122), Сомалија (1.270), Бангладеш (1.205), Мароко (1.162), Конго (514), Либан (428), Алжир (430), Нигерија (275) и помал број од други земји.

Во текот на вчерашниот ден, според МВР, до Одделението за азил не биле поднесени нови барања за признавање на правото на азил. Од мигрантите, кои од јуни досега транзитирале низ територијата на Македонија, само 70 лица побарале да останат во земјава, односно поднеле барање за признавање на правото на азил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.