fbpx

Успешна хуманитарна акција во училиштето „11 Октомври“

-

Во основното училише „11 Октомври“ од Скопје, денеска се одржа хуманитарна акција за поплавените подрачја. Учениците од ова училиште собираа парични средства, конзервирана храна, средства за хигиена и сè што им е потребно на настраданите.

Според директорката на училиштето, Даниела Костадинова, преку оваа хуманитарна акција учениците повторно ја покажаа хуманоста на дело.

– Донираа парични средства, конзервирана храна и средства за хигиена за настраданите од поплавените подрачја во нашава земја. Во организиација на Црвениот крст донираните средства ќе бидат врачени во локалните заедници во поплавените подрачја. Искрено веруваме дека со нашиот скромен придонес ќе им дадеме надеж на настраданите жители и ќе бидеме причина за радост. Нашата мисија ќе биде целосно исполнета кога секој ќе си го поврати изгубеното од поплавата, а со нашата хуманост ќе го поттикнеме секој граѓанин од нашава држава и тој да биде хуман. Да им помогнеме на другите кога им е најтешко! – изјави Костадинова.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...