fbpx

Лекарите ја бранат Парнаџиева, за оставката ќе пресече Владата

-

Здружението на приватни лекари на Македонија не се согласува со одлуката на Маја Парнаџиева-Змејкова,  директорката на Фондот за здравствено осигурување, која денеска поднесе оставка. Тие велат дека со нејзиното повлекување, ќе настанат сериозни последици во примарното здравство, но, сепак, крајниот збор ќе го има Владата, која ќе одлучи дали ќе им ги прифати оставките на двајцата директори на Фондот за здравствено осигурување.

– Директорката и нејзиниот тим се луѓето кои секогаш го почитувале овој ресор и кажале дека матичните лекари се столбот на здравствениот систем. Ние, како лекарска бранша, имаме договорено уште многу проекти и преговори кои не се завршени и мислам дека оставката ќе придонесе за негативни и тектонски нарушувања во нашите меѓусебни односи – рече Дервишова, претставничка на Здружението.

Оставка си поднесе и економскиот директор на ФЗО, Џемаили Мехази.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...