УНИЦЕФ: Повеќе од еден милион деца би можеле да умрат од глад

УНИЦЕФ соопшти дека околу 1,4 милиони деца би можеле да починат како последица на глад во Јужен Судан, Нигерија, Сомалија и во Јемен.

Предупредувањето на агенцијата на Обединетите нации доаѓа еден ден откако општ глад е прогласен во делови на Јужен Судан.

УНИЦЕФ, исто така, со месеци предупредуваше на недостигот од храна во подрачја во Нигерија, кои се недостапни за хуманитарна помош поради дејствувањето на екстремистичката група Боко харам.

Агенцијата нагласува дека Сомалија, исто така, се соочува со суша и оти поради судирот во Јемен, речиси половина милион деца се акутно неухранети.