fbpx

Украинското МНР реагира на незаконските посвојувања на украински деца во Русија

-

Украина реагира на незаконските посвојувања на украински деца коишто се одвиваат во Русија. Министерството за надворешни работи на Украина со соопштение обрнува внимание на изјавата на Комесарот за правата на децата при претседателот на Руската Федерација, Марија Лвова-Белова, поради незаконското посвојување на украинско дете, кое беше киднапирано во Мариупол од страна на руската армија.

„Рускиот комесар, исто така, призна дека го олеснила незаконското посвојување во Руската Федерација на уште околу 350 деца од окупираните региони на Донбас. Трансферот на украинските деца од привремено окупираните територии на Украина во Русија и нивното последователно посвојување од страна на руски граѓани грубо го крши законодавството на Украина, како и Женевската конвенција за заштита на цивилни лица во време на војна од 1949 година, која ја предвидува обврската на државата окупатор да не го менува граѓанскиот статус на децата, како и Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето од 1989 година“, потенцираат од украинското МНР.

Во име на министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба, Министерството за надворешни работи на Украина иницираше случај пред органите за спроведување на законот на Украина против руската државјанка Лвова-Белова, чии постапки се сметаат за знаци на кривично дело.

„Ја повикуваме меѓународната заедница најостро да ги осуди тековните злосторства извршени од страна на Русија и нејзините функционери против децата на привремено окупираните украински територии. Украина ќе продолжи да вложува максимални напори за да обезбеди украинските деца кои незаконски биле земени и посвоени во Русија да бидат вратени на нивните родители или законски старатели“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...