fbpx

Украинскиот патријарх што тврдеше дека ковид-19 е божја казна за истополовите бракови, заболе од корона

-

Поглаварот на Украинската православна црква (УПЦ), Патријархот Филарет е позитивен на корона вирус. Поглаварот стана познат со својата изјава дека пандемијата на ковид-19 е божја казна за истополовите бракови, јавуваат светските медиуми.

Украинската православна црква соопшти дека 91-годишниот поглавар се наоѓа на болничко лекување и неговата здравствена состојба е стабилна. Црквата преку пост на Фејсбук на 4 септември соопшти дека патријархот Филарет се тестирал за присуство на корона вирусот.

Патријархот го привлече гневот кај јавноста во март годинава, кога во изјава за една украинска телевизија рече корона кризата е божја казна за сите гревови на човекот, потенцирајќи дека првенствено мисли на истополовите бракови.

Ваквата изјава предизвика остра реакција на ЛГБТ+ организациите во Украина, а една од нив („Инсајт“) го тужеше патријархот Филарет за ваквите коментари. Украинската канцеларија на „Амнести Интернешнл“ ја осуди ваквата изјава на поглаварот на Украинската православна црква.

Според последните податоци на здравствените власти, во Украина од ковид-19 досега заболеле повеќе од 143.000 лица, додека речиси 3.000 лица починаа од оваа болест.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...