fbpx

Нови 121 случаи со ковид-19, оздравени 142, а починале три лица

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.410 тестирања, а регистрирани се 121 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-33, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-6, Струга-6, Велес-3, Битола-6, Охрид-11, Кавадарци-4, Гостивар-4, Гевгелија-3, Струмица-3, Крива Паланка-9, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-5, Македонски Брод-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-2 и Кичево-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 142 оздравени пациенти од: Скопје-50, Куманово-32, Штип-7, Прилеп-11, Тетово-4, Струга-4, Велес-2, Охрид-2, Кавадарци-2, Гостивар-12, Гевгелија-1, Струмица-2, Радовиш-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-2, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-1 и Кичево-2.

Починати се три лица, двајца пациенти од Прилеп (63 и 83г) и еден пациент од Струга (60г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.414, бројката на оздравени пациенти е 12.896, на починати е 637, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.881.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка е 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 1 дете и 2 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 129, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...