fbpx

УХМР предупредува за обилни врнежи

-

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса попладнево времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. На места врнежите ќе бидат пообилни, а повеќе ќе бидат застапени во источните делови, каде ќе бидат полокализирани, но со услови да бидат проследени со поинтензивни процеси, порачува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во моментов од Грција кон Гевгелија надоаѓа нестабилна воздушна маса од поголеми размери и во овој регион наскоро ќе има пороен дожд со грмежи и засилен ветер. Истовремено Штип ќе биде зафатен од помала нестабилна маса што ќе предизвика слични појави.

Утре и в понеделник ќе биде претежно сончево и топло, на повеќе места со натпросечни дневни температури на воздухот, односно максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 35 степени. В понеделник во текот на ноќта и во вторник преку денот повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, но претежно во западните делови од земјава. В понеделник и во вторник ќе дува засилен југозападен ветер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...