fbpx

УХМР: Можни се излевања на реките

-

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците. Оттаму велат дека обилните врнежи и истекувањата на водите можат да предизвикаат појава на свлечишта и на одрони.

„Врнежите што паднаа во текот на ноќта, освен во западните делови на повисоките сливни подрачја, незначително влијаеа на водостојот на водотеците во земјава. Новите врнежи кои се очекуваат во текот на следните 24 часа, ќе ги зголемат водните количества во реките и во суводолиците“, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогностичките модели, особена внимателност треба да се посвети во сливот на реката Црн Дрим, Радика, горните текови на реките Вардар, Треска, Црна Река и нивните притоки и суводолици.

„Во сливните подрачја на Радика и на Црн Дрим на делови од помалите водотеци при појава на поројни врнежи, можни се излевања на реките на некои места“, велат од УХМР.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...