Фото: Фејсбук-профил на Фудбалска репрезентација на Македонија

УЕФА го казни австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, кој имаше националистичкиот испад после постигнатиот гол на натпреварот со Северна Македонија упатени кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.

„Суспензија за играчот од австриската репрезентација, Марко Арнаутовиќ од еден натпревар, односно за следниот натпревар под капата на УЕФА за навреда на друг играч,“ се вели во одлуката на УЕФА.

Како резултат на ова Австријците ќе настапат без Арнаутовиќ на дуелот против Холандија утре од 21 часот во Амстердам.

Одлуката на УЕФА следува откако Фудбалската федерација на Македонија поднесе официјален допис до УЕФА во кој побараа најстрога казна за австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ.