петок, 17 април, 2026
Meta.mk

Ознака: УЕФА | 26 резултати

Поради Супер купот на УЕФА од денеска ќе има изменет сообраќаен режим

август 7, 2017

Поради Супер купот на УЕФА од денеска ќе биде воведен посебен сообраќаен и пешачки режим за сообраќајниците во непосредна близина на стадионот. Министерството за внатрешни работи соопшти дека од осум часот денеска до завршување на натпреварот, односно до 9 август, на потегот од крстосниците на улиците Аминта Трети (поранешна Ленинова) и Јордан Хаџи Константинов-Џинот ќе […]

Џафери го критикуваше Тунтев, пратениците изгласаа казни за препродажба на билети

јули 28, 2017

Во десетината минути од продолжението на 10. собраниска седница попладнево, на која единствена точка беше измената на Кривичниот законик со која станува кривично дело препродажбата на билети за спортски и за културни манифестации, во Собранието пред 17 часот повторно имаше мала препирка, па интервенираше и претседателот на Собранието, Талат Џафери, заканувајќи му се на Томислав Тунтев […]

Поради Супер купот, препродавањето билети ќе биде кривично дело

јули 28, 2017

Во Собранието по попладневната пауза експресно беше закажана и се одржа 10. седница, со единствена точка на дневен ред – донесување предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за кривична постапка во скратена постапка, со кој рекламирањето билети за препродажба и нивната препродажба ќе станат кривично дело. Ваквата препродажба досега воопшто не беше опфатена […]

Иницијатива за бесплатно сместување за обожавателите што ќе дојдат за Суперкупот

јули 25, 2017

Поради огромниот пораст на цените за сместување во хотелите во Скопје и кај некои станоиздавачи поради претстојниот Суперкуп на УЕФА, неколку млади луѓе почнаа акција да го обелат образот на Скопје пред фудбалските обожаватели. Со нивниот проект „Суперкуп Скопје“ SuperCupSkopje, членовите на заедницата WeTalkIT ги поврзуваат фудбалските обожаватели на кои им треба сместување со луѓе од Македонија кои имаат […]

Спотот на ФФМ за Суперкупот на УЕФА како реклама за „Скопје 2014“

јули 3, 2017

Натпреварот од Суперкупот на УЕФА, кој на 8 август во Скопје ќе го играат „Реал Мадрид“ и „Манчестер јунајтед“, повторно ја подгреа страста кај вљубениците во фудбалот, откако медиумите информираа дека „УЕФА го објавила“ промотивниот видеозапис. На јутјуб-каналот на УЕФА, пак, како и на нејзината веб-страница нема тако нешто. Последната информација на веб-страницата на Унијата е објавена на […]

ВМРО-ДПМНЕ: До последниот извештај на УЕФА, редовно добивавме позитивни извештаи

јуни 24, 2017

СДСM, Зоран Заев и Драги Рашковски сè уште се однесуваат како опозиција, а не како власт која треба да работи за доброто на граѓаните, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на генералниот секретар на Владата. „До последниот извештај на УЕФА, Владата на ВМРО-ДПМНЕ редовно добиваше позитивни извештаи. Сè што беше побарано од стручните лица […]

Рашковски: Владата ќе направи сè Суперкупот да се одржи во Скопје

јуни 24, 2017

Владата ќе направи сè за навреме да ги отстрани сите забелешки од УЕФА и финалето на европскиот Суперкуп во фудбал да се одржи во Скопје, изјави денеска генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски. – Владата сака да ја промовира Република Македонија во најдобро светло и затоа и покрај сите сопки што се прават внатрешно од […]

ВМРО-ДПМНЕ: Од подготовките на арената „Филип Втори“, остана уште паркиралиштето за репортажни возила

јуни 23, 2017

ВМРО-ДПМНЕ денеска порача дека ако не се одржи Суперкупот на УЕФА на Национална арена „Филип Втори“, виновна за тоа ќе биде власта на СДСМ. – До последниот извештај на УЕФА, Владата на ВМРО-ДПМНЕ редовно добиваше позитивни извештаи. Сè што беше побарано од стручните лица на УЕФА беше реализирано од наша страна. Единствените обврски што остануваат да […]

Владата ќе им помогне на овоштарите и ќе ги стопира парите за невладините

јуни 23, 2017

Владата на вчерашната осма седница донела две одлуки, за помош на производителите на праски кои протестираа против ниските цени на откупот, како и за укинување на одлуката на претходниот состав на владата за доделување пари на невладините организации. „Владата на Република Македонија донесе одлука за дополнителна финансиска поддршка на земјоделците – прозводители на праски со слаб квалитет. […]

Спасовски се сретна со претставници на УЕФА

јуни 10, 2017

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска одржал работна средба со Жељко Павлица и со Франк Вијнвелд, претставниците на Европската фудбалска федерација (УЕФА), кои се вклучени во организацијата на претстојниот Супер куп на УЕФА, што треба да се одигра на 8 август во Скопје, помеѓу екипите на „Реал Мадрид“ и на „Манчестер јунајтед“. Спасовски на […]

Вежба за спречување терористички напад на стадионот во Лион

мај 31, 2016

Вчера вечер на стадионот „Парк олимпик“ во предградието на францускиот град Лион се одржа масовна воена вежба за спречување на терористички напади за време на Европското првенство во фудбал. Според сценариото пред натпреварот Украина-Северна Ирска двајца напаѓачи се кренале во воздух на влезот на стадионот, при што загинале десет, а ранети се 80 лица. Гледачите […]

Замрзнати милиони швајцарски франци од сметките на ФИФА

декември 17, 2015

Милиони швајцарски франци на банкарски сметки сопственост на Светската фудбалска организација (ФИФА) денеска биле замрзнати на барање на истражните органи на САД, соопшти швајцарското министерство за правда. Како што пренесува „Би-Би-Си“, американските власти, кои ја водат истрагата за корупцскиот скандал во ФИФА, во чиј фокус е нејзиниот претседател Сеп Блатер, веруваат дека парите од корупцијата […]

Платини останува под суспензија, арбитражниот суд му ја отфрли жалбата

декември 11, 2015

Арбитражниот суд за спорт ја отфрилил жалбата на претседателот на УЕФА, Мишел Платини, со која тој бара да му биде укината суспензијата од 90 дена, јавува „Би-Би-Си“. Поради суспензијата, на претседателот на УЕФА му се забранети какви било активности поврзани со фудбалот. Платини и претседателот на Светската фудбалска организиација (ФИФА), Сеп Блатер, беа суспендирани на […]

Платини призна: Примив пари по усен договор

октомври 19, 2015

Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Мишел Платини, призна дека имал потпишано договор кога примил пари од Сеп Блатер, претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Блатер минатата недела изјави дека му уплатил два милиони долари на Платини во 2011 година, на основа на „џентлменски договор“. Платини, за францускиот весник „Монд“, рече дека договорот бил направен […]

ФА ја суспендира поддршката за Платини за претседател на ФИФА

октомври 16, 2015

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) соопшти дека ја суспендира поддршката за претседателот на УЕФА, Мишел Платини, во неговиот обид да стане претседател на Светската фудбалска организација (ФИФА), пренесува „Би-Би-Си“. Против претседателот на УЕФА во моментот се води истрага поради 1,35 милиони фунти или околу 1,8 милиони евра што Платини во 2011 година ги примил од […]

Мишел Платини ја потврди кандидатурата за претседател на ФИФА

јули 29, 2015

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, денеска потврди дека ќе се кандидира за наследник на досегашниот шеф на светската фудбалска организација (ФИФА), Сеп Блатер, на изборите закажани за 26 февруари следната година, јавуваат светските медиуми. Платини денеска изјавил дека „ФИФА треба да сврти нов лист“ по обвинувањата за корупција во нејзините редови. Кандидатурата на актуелниот претседател […]

Шефот на УЕФА, Платини, добил понуда да се кандидира за претседател на ФИФА

јули 20, 2015

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, бил замолен од мнозинството шефови на светските фудбалски организации да се кандидира за нов претседател на Светската фубдалска организација ФИФА, јавува Радиото 5 на „Би-Би-Си“. Според информациите, на Платини му била гарантирана поддршката од неговата конфедерација, од Азиската, Јужна Америка и од Северна и Централна Америка и Карибите. Сега, како […]

ФФМ: Скопје ја доби честа да биде домаќин на Европскиот суперкуп во 2017 година

јуни 30, 2015

Фудбалската федерација на Македонија ја доби довербата од УЕФА за организација на ексклузивниот дуел меѓу победниците на Лигата на шампионите и Лигата на Европа за сезоната 2016/17 година, објави ФФМ. Одлуката ја донесе извршниот комитет на Европската фудбалска унија на состанок во Прага, а на прес-конференција ја соопшти Џани Инфантино, генерален секретар на УЕФА. Скопје […]

УЕФА покрена истрага против Интер, Ловерпул, Монако…

декември 6, 2014

Европската фудбалска федерација почна истрага за кршење на финансискиот фер плеј против пет тимови, но ја проширува својата истрага и врз други клубови. Истрагата е покрената против Хал, Спарта од Прага, Лион, Рух и Волфсбург. Тимовите ќе мора да ги испратат своите документи во седиштето на европската федерација, но за нив засега не се изречени […]

УЕФА почна дисциплинска постапка против Галатасарај

ноември 29, 2014

УЕФА почна дисциплинска постапка против турската екипа Галатасарај поради тоа што нејзините навивачи, на натпреварот против Андерлехт, во Младинската фудбалска лига на шампиони, предизвикаа прекин со фрлање пиротехнички средства, а потоа почнаа со националистички скандирања кон Србија и убиениот навивач на Црвена звезда, Марко Ивковиќ. Се очекува турскиот фудбалски гигант да заработи висока казна.  

Страна 1 од 2